logo
logo
logo

На листата на Форбс на ултра богаташи за 2025 по првпат и еден Албанец, Самир Мане

Vecer | 02.04.2025

На листата на Форбс на ултра богаташи за 2025 по првпат и еден Албанец, Самир Мане

Албанија го доби првиот ултра богаташ кој е на најновата листа на Форбс за 2025 година на најбогати луѓе во светот.

Станува збор за Самир Мане основачот и сопственик на Нептун,  чие богатство е проценето, според магазинот, на 1,4 милијарди долари. Неговото име за првпат се појавува на листата на ултра богати луѓе во светот.

„Албанија го има својот прв милијардер оваа година - Самир Мане, кој има изградено богатство од 1,4 милијарди долари од инвестиции во трговски центри, продавници за електроника и луксузни недвижности низ целиот Балкан. Тој е на 2.356-то место на листата на која се наоѓаат 3028 личности од светот, објавија медиумите.

Самир Мане е основач и претседател на „BALFIN Group“, инвестициски конгломерат со седиште во Тирана, Албанија. БАЛФИН поседува трговски центри и продавници за електроника и играчки на Западен Балкан, плус банка и луксузни недвижнини во Албанија.

Мане(58) избегал од албанскиот комунистички режим во 1991 година и се преселил во Австрија како бегалец; во 1993 година почнал да продава апарати за домаќинство во родната земја. Тој го лансираше „Нептун“, синџир на продавници за електроника, во Албанија во 1998 година и се врати во Албанија во 2005 година за да го отвори првиот трговски центар во земјата. „БАЛФИН“ поседува и недвижен имот во САД, Канада и Австрија, како и логистички паркови и приватен универзитет во Албанија.

САД, со рекордни 902 милијардери, се уште имаат повеќе милијардери од која било друга земја во светот. Кина со 516 (вклучувајќи го и Хонг Конг) останува втора, додека Индија со 205 милијардери и натаму е на третото место. Повеќе од 50% од сите милијардери се државјани на една од тие три земји, но вкупно 76 нации и две полу автономни територии имаат најмалку еден милијардер. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk