Деми Мур доминираше минатата година и во овогодинешната сезона на филмски награди благодарение на нејзината маестрална улога во „Супстанција“, па имавме можност да ја гледаме речиси секој ден, во секое издание што може да се замисли. Откако во изминатите месеци покажа голем број интересни модни трансформации, познатата актерка сега се одлучи за уште една.
Таа одлучи да ја скрати својата препознатлива долга црна коса, а на Инстаграм покажа дека нејзиниот нов избор на фризура е долг боб (лоб) до рамениците, кој изгледа многу шик.
Деми ја разделила косата на страна, исфенирана така да го зголеми волуменот, додека врвовите и се навиткани, па нејзината фризура изгледа полна со живот и разиграно.
Овој софистициран изглед често се препорачува како начин за визуелно подмладување, бидејќи косата изгледа многу густо и богато, а тоа е совршена рамнотежа помеѓу кратката фризура и долгата коса.
Доволно е практично да експериментирате со стилови - од права коса до бранови до локни, а со превртување на страна се постигнува илузијата за волумен. И тоа е одличен начин да се направи промена, откако Деми долго време изгледаше горе-долу исто.
Сите фризури на Деми Мур
Актерката со години ја претпочита својата долга коса средена права и ретко ја гледаме во пунџа или опавче, па затоа е меѓу ѕвездите кои се многу верни на својот препознатлив стил.
Но, таа во минатото и тоа како покажа колку е подготвена да експериментира со својот изглед и да се посвети на работата, па за улогата во „Дух“ ја скрати косата на многу кратка пикси фризура.
Најхрабриот потег на Деми Мур, барем што се однесува до фризерите, секако се случи кон крајот на деведесеттите, кога актерката си ја избричи главата за потребите на еден филм.
Таа и по снимањето продолжи да се појавува во ова издание, а и во многу свечени прилики на црвениот килим покажа дека тоа може одлично да се вклопи со елеганција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата