logo
logo
logo

Ако сакате да живеете НА ВРВОТ НА ЊУЈОРК: ЦЕНАТА E „СИТНИЦА“ (ВИДЕО)

Vecer | 05.04.2025

Ако сакате да живеете НА ВРВОТ НА ЊУЈОРК: ЦЕНАТА E „СИТНИЦА“ (ВИДЕО)

Пентхаус на врвот на кулата Стенвеј во Менхетен, Њујорк, кој е познат како најтенкиот облакодер на светот, се појави на продажба по цена од 110 милиони долари.

Станува збор за квадриплекс кој се протега од 80-тиот до 83-тиот кат на кулата Стенвеј и нуди пет спални соби, шест бањи и две тераси, како и поглед од 360 степени на Њујорк, вклучувајќи го и Централ парк.

На првиот кат од пентхаусот, дизајниран од Studio Sofield, се наоѓа „забавниот апартман“, додека „примарниот апартман“ е на третиот кат, а се придружува со „крунски апартман “, кој вклучува бар и сала за прикажување, пренесува CNN.

Кулата „Стенвеј“ е изградена во 2022 година и е висока 435 метри, а широка само 18 метри, што, според многу експерти, го прави најтенкиот облакодер во светот.

Нејзин сооднос висина и ширина е 24 спрема еден. Фасадата на облакодерот содржи блокови од теракота, материјал кој се чини дека ја менува бојата и текстурата кога се гледа под различно осветлување и од различни агли.

Облакодерот се наоѓа во таканаречениот „Ред милијардери“, односно во областа на луксузните згради околу Њујоршкиот Централ парк каде живеат некои од најбогатите луѓе во светот.

Во облакодерот има и 25-метарски базен, а жителите можат да уживаат во сликите на уметниците како Пабло Пикасо и Анри Матис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk