Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг.
Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек.

Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата