Температурите во некои делови од земјата би можеле да достигнат 40 степени.
Седум департмани во Франција се под портокалово предупредување поради топлотен бран, откако од пладне и департманот Алп-Маритим е вклучен во највисокото ниво на предупредување за екстремни горештини, соопшти денеска метеоролошката служба „Метео-Франс“.
Алп-Маритим им се придружи на департманите Буш-ди-Рон, Јужна Корзика, Горна Корзика, Гар, Еро и Вар, кои веќе беа под портокалово предупредување, објави „Фигаро“.
Департманите Источни Пиринеи, Од, Ардеш, Дром, Воклиз и Горна Прованса-Алпи се под жолто предупредување поради високите температури.
Според „Метео-Франс“, причина за топлотниот бран е „маса од многу топол воздух“ што со денови влијае врз земјата, а сега се движи кон југоисток под влијание на невреме и навлегување на постуден воздух. Метеоролошката служба соопшти дека, иако најинтензивната топлина се поместува кон Средоземјето, долж средоземниот брег сè уште се очекуваат високи ноќни температури меѓу 22 и 26 Целзиусови степени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата