logo
logo
logo

Метеорски дожд ќе го осветли небото

Vecer | 12.08.2025

Метеорски дожд ќе го осветли небото

Вечерва небото ќе биде осветлено од метеорски дожд познат како Персеиди.

Најдобриот начин е да ги гледате со голо око некаде во чистина, планина или на брег. Колку помалку вештачка светлина има околу вас, толку појасни ќе бидат трагите од метеори. За овој астрономски настан има интересни верувања дека ако погледнете во небото освен убавата слика може да си замислите и желба.

Персеидите се најпознатиот метеорски дожд на северната хемисфера, и секоја година од средината на јули до крајот на август, земјата поминува низ облак од ситни честички оставени од кометата 109p. Кога овие честички влегуваат во атмосферата со неверојатна брзина, тие согоруваат и цртаат најсветли, најкраткотрајни траги – она што го нарекуваме ѕвезди што паѓаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk