logo
logo
logo

Мерцедес без помпа ГО ПРОМЕНИ ЛОГОТО, ЕВЕ ШТО Е СМЕНЕТО

Vecer | 14.04.2025

Мерцедес без помпа ГО ПРОМЕНИ ЛОГОТО, ЕВЕ ШТО Е СМЕНЕТО

Промената беше воведена тивко и без помпезност. Мерцедес дискретно го промени своето иконско лого, без многу помпа. Немаше никаков посебен настан, соопштение за медиумите или спектакл. Промената беше воведена тивко и речиси незабележливо.

Од февруари 2025 година, познатата ѕвезда повеќе не е прикажана во хромирана тродимензионална верзија, туку е прикажана рамна и во бела боја во сите официјални комуникации на производителот, пишува Auto Bild.

Новиот, минималистички дизајн веќе може да се види во годишниот извештај, на социјалните медиуми, во е-поштата и официјалните документи.

Сепак, ентузијастите за ретро можат да здивнат со олеснување: познатата сребрена 3D ѕвезда сè уште ќе доминира на хаубите, воланите и бандажите.

Мерцедес сака помодерен дизајн

Според извори во Мерцедес, одлуката за промена била свесно донесена во рамките на компанијата. Целта на новиот изглед е брендот да изгледа помодерен, почист и поефикасен.

И, секако, да биде подобро адаптирано на дигиталните канали, бидејќи рамната верзија едноставно подобро функционира на екраните.

„Со освежување на нашиот корпоративен дизајн, Мерцедес го намалува присуството на црната боја како доминантна боја во визуелниот идентитет на брендот. Во комбинација со употребата на 2D верзија на нашето лого, ѕвездата на Мерцедес, за печатени и дигитални медиуми, изгледот ќе биде посовремен и визуелно конзистентен.“

„Тридимензионалната ѕвезда ќе продолжи да ги краси нашите возила и архитектонски елементи, а како заштитен знак таа отелотворува безвременска елеганција, иновација и врвна изработка“, изјави портпаролот на Мерцедес.

Белата ѕвезда, патем, не е сосема нова. Во 2007 година, Мерцедес накратко се обиде со рамна верзија, но брзо се откажа од неа.

Веќе во 2010 година, под водство на тогашниот шеф Дитер Цетче, компанијата се врати на тродимензионалниот дизајн бидејќи изгледаше попрестижен.

Сега доаѓа нов обид, во ера кога едноставноста стана нов стандард на луксуз.

Трикрака ѕвезда со богата историја

Тридимензионалната ѕвезда датира од 1909 година и ја симболизира визијата на Дајмлер – мотори за копно, вода и воздух.

Оттогаш, дизајнот претрпе бројни промени – од златна верзија, преку ловоров венец, па сè до денешниот рафиниран изглед.

Сепак, ѕвездата никогаш не исчезна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk