Приказната за овој 33-годишник од Токио никого не остава рамнодушен, а започнала пред 10 години кога почнал да штеди за својот „автомобил од соништата“.
Исчезна во облак од чад
Хонкун објасни дека штедел пари цела деценија за да има доволно за да го купи Ферарито, кое му било доставено во среда, на 16 април.
Конечно исполни една од своите најголеми желби во животот и веднаш влезе во автомобилот за да ја тестира на улиците на јапонската престолнина, пренесува Oddity Central.
Додека возел, Хонкун забележал бел чад, но верувал дека доаѓа од други возила. Меѓутоа, работите брзо тргнале наопаку, пожарот го зафатил Ферарито и преплашениот сопственик повикал противпожарна единица!
Следните 20 минути беспомошно гледал како автомобилот исчезнува во облак од чад, а по интервенцијата на итната помош станало јасно дека ништо не останало.
Немаше знаци на судир.
„Мислам дека сум единствениот човек во Јапонија на кого му се случило вакво нешто“, објасни Хонкук, кому му изгорел автомобилот по еден час.
„Потрошив 306.000 долари за тоа, а ми остана само оваа фотографија“, додаде тој.
Одделот за метрополитенска полиција во Токио соопшти дека немало знаци на несреќа на Ферарито и дека истрагата е во тек. Се претпоставува дека пожарот избувнал во моторот, но причината останува непозната.
Иако тажен, Хонкун вели дека му е „драго што е жив“, бидејќи се плашел дека возилото ќе експлодира.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата