logo
logo
logo

Меган ја НАЛУТИ поранешната прва дама и ОСТАНА БЕЗ ПОКАНА

Vecer | 13.08.2021

Меган ја НАЛУТИ поранешната прва дама и ОСТАНА БЕЗ ПОКАНА

Мишел Обама (57) е главната причина зошто Меган Маркл (40), наводно, очајувала во последните денови.

Иако силно се надевала дека ќе добие покана за роденденот на Барак Обама (60), што е многу важна „работа“ меѓу американските „фаци“, поканата сепак не стигнала, а зад таа одлука, според американските таблоиди, стои поранешната прва дама.

Имено, Мишел се придржува до семејните вредности и заедништво, и прекумерниот и неумерен муабет за кралското семејство и непочитувањето со кое принцот Хари (36) и Меган се однесуваат кон кралицата Елизабета Втора што според неа е мошне неумесно.

„Обамови отсекогаш го ценеле Хари, но сигурна сум дека ја прозреа Меган“. Можеби ќе останат блиски, но не како што беа некогаш, рече Анџела Левин, експерт за кралското семејство и автор на биографијата „Хари: Биографија на принцот“, додавајќи дека Меган очајно сакала да биде поканета на забавата: - Ми кажаа дека Меган очајно сака да биде специјална гостинка на забавата на Обама, а таа тврдеше дека не може да дојде. Факт е дека таа и Хари никогаш не биле ниту на оригиналната листа.

Да потсетиме, Обама првпат се сретна со кралицата Елизабета во 2009 година на самитот на Г20, а во 2011 година таа беше нивен домаќин за време на тридневната државна посета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk