logo
logo
logo

ЛЕД фаровите во пораст, а се повеќе возачи се жалат на нив

Vecer | 11.11.2024

ЛЕД фаровите во пораст, а се повеќе возачи се жалат на нив

Зимската сезона носи повеќе часови возење во ноќни услови, а има и лоши временски услови, како дожд, магла и снег или услови на намалена видливост.

Истражувањето спроведено од водечката шведска компанија за проверка на возила Bilprovningen покажува дека 8 од 10 возачи се заслепени од возилата што доаѓаат од спротивната страна.

Од нешто повеќе од милион автомобили прегледани во 2022 година, секој четврти имал проблеми со неусогласени или неисправни светла.

Сè повеќе автомобили имаат и LED светла, кои многу луѓе ги доживуваат како премногу светкави.

Покрај тоа, многу нови модели на автомобили имаат автоматски долги светла кои не се затемнуваат со време.

Друга причина за овој проблем е тоа што многу возачи имаат послаб ноќен вид со возраста, а 7 од 10 возачи во едно истражување признале дека видот им е полош кога возат во темница.

Ова е дополнителна причина да го проверите видот, особено по 45-тата година од животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk