logo
logo
logo

Македонски семејни дестилерии со повеќе златни медали на меѓународен фестивал на ракија

Vecer | 28.06.2022

Македонски семејни дестилерии со повеќе златни медали на меѓународен фестивал на ракија

Македонски семејни дестилерии освоија повеќе златни медали на меѓународен фестивал на ракија, изјави за МИА Александар Клинчаров, потпретседател на новоформираното здружение „Македонски дестилерии-ракиџии”. Станува збор за фестивалот „Горно Подунавје-Апатин” во  Србија.

-Остваривме голем успех,  во конкуренција од 531 учесници од 10 земји. БиХ, Хрватска, Србија, Словенија, Унгарија, Црна Гора, Романија, Бугарија, Грција и Македонија. Тоа претставува огромен успех и потврда дека во Македонија и Тиквешијата се прави најдобрата лозова ракија, нагласи Клинчаров.

 Златен медал освоиле повеќе членови на здружението. Универзитетската професорка Виолета Димовска освоила големо злато за ракија и прво место во категоријата на производители-дами. Спиро Дамјанов добил големо злато за ракија, а семејните винарии Клинчаров и Јаковлевски,  злато за ракија. Винарија Наумчеви добила злато за произведен вињак.

-Бидејќи сме новоформирани, имаме членови, но и поддржувачи, за кои наскоро се надеваме дека ќе станат наши членови и заедно со нас ќе делуваат за промоција на македонската ракија. Награди освоија и некои од поддржувачите на активностите на  Здружението. Димитар Улишев доби злато за неговиот пијалак мастика. Костадин Воданов освои големо злато за ракија, тој беше победник на фестивалот. Големо злато за ракија освои и Влатко Тасев, а Димче Наумов доби злато за лозова ракија, појасни Клинчаров, посакувајќи да им се множат наградите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk