logo
logo
logo

Каде во Европа ќе пиете за џабе, а каде ќе ве изгорат?!

ВАЖНО МАКЕДОНЦИТЕ пијат ЕВТИНО пивце!

Vecer | 24.04.2024

 ВАЖНО МАКЕДОНЦИТЕ пијат ЕВТИНО пивце!

Доаѓа летото, а со тоа и желбата за убаво ладно пиво. Но, кога станува збор за цената на пивото, постојат огромни разлики низ Европа. Во некои градови, пивото е навистина евтино, во други пак, ќе излезе солено.

Еве како се движат цените на пивото во европските градови.

Просечната цена на пивото во Скопје во ресторан е околу 140 денари. Се чини дека ова е меѓу прифатливите цени за пијалакот. Толку ќе платите и во соседна Бугарија и Србија. Единствените земји со поевтино пиво се Молдавија и Белорусија.

Пивото во Букурешт во просек чини околу 170 денари. Во Будимпешта е малку поевтино и чини околу 160 денари. Во Мадрид сакаат да пијат пиво во лето, дури имаат лесен коктел наречен Клара, кој е направен од пиво и фанта лимон. Цената на пивото таму е 220 денари.

Во грчките летувалишта Халкидики и Солун пивото во ресторанот се продава за 270 денари.

Градови со најскапо пиво се чини дека се Рејкјавик и Осло, а потоа следат Рим и Париз.

Во Рејкјавик цената на пивото во ресторан е околу 10 евра или 610 денари. Пијалакот во Осло чини 600 денари. Во Рим пијалокот во баровите чини 5 евра или 300 денари, додека во Париз цената скока на 7 евра или 440 денари.

Пивото во Амстердам и Брисел чини околу 250 до 315 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk