logo
logo
logo

Македонците се ГОЛЕМИ кафепијачи!

Vecer | 23.09.2023

Македонците се ГОЛЕМИ кафепијачи!

Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Македонија се наоѓа на 18-та место и во неа жителите годишно пијат 3,6 килограми кафе, јави дописникот на МИА од Белград.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.

Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.

Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.

Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk