logo
logo
logo

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ: Нова љубов за ОВЕНОТ, дебакл за РАКОТ

Vecer | 29.09.2021

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ: Нова љубов за ОВЕНОТ, дебакл за РАКОТ

Октомври ќе биде турбулентен месец на љубовно поле, и додека едни знаци ќе имаат среќа да уживаат во хармонија, други ќе бидат исправени пред сериозни предизвици ...

Овен

Ако сте во врска: Почетокот на месецот, поточно 2-ри октомври ќе ви ги разбуди страстите со партнерот, а тоа ќе ви годи и ќе донесе динамика во врската. Имате мотивација со заеднички сили да почнете со остварување на цели кои ќе ви го подобрат животот. Ќе успеете да ги решите и тешкотиите кои ви правеа проблеми во изминатиот период. Задоволни сте од тоа што го имате.

Ако сте слободни: Почетокот на месецот ќе ви донесе познанство со личност која ќе ве привлече со силниот изглед и физичките црти, а потоа и со карактерот. Лесно ќе паднете во замка на љубовта, ќе почнете да се гледате интензивно и да поминувате многу време заедно. Посебно ќе ве привлече тоа што оваа личност ќе ве мотивира да го покажете најдоброто од себе.

Бик

Ако сте во врска: Од 8-ми октомври нешто ќе ве натера да покренете иницијатива во однос на саканата личност. Ќе внесете освежување во врската и ќе го движите партнерот по нагорна линија, остварувајќи заеднички цели. Ќе ја подобрите комуникацијата и ќе водите конструктивни разговори. Кон крајот на месецот ќе ви се исполни некоја желба која долго ја посакувате.

Ако сте слободни: До средината на месецот ќе влезете во интимни односи со личност која ќе ве привлече со изгледот. Односот ќе ви биде динамичен, а новиот партнер ќе ви влијае позитивно, ќе биде полн со иницијатива и ќе ви ја зголеми мотивацијата за нови работи. Сепак, втората половина на месецот ќе донесе конфликти и врската ќе биде ставена на тест. Ако го поминете, ќе започнете сериозна врска.

Близнаци

Ако сте во врска: Почетокот на месецот ќе ви донесе несогласувања со партнерот и склоност кон некоректен однос. Непочит кон заеднички договори, впуштање во афери зад грбот на партнерот … ова нема да донесе ништо добро. За среќа, ќе ви се отворат можности за искрени разговори и ќе најдете заедничко, прифатливо решение.

Ако сте слободни: Ќе бидете склони кон авантури уште од почетокот на месецот, но ќе бидат кратки и минливи. До средината на месецот може да запознаете некој кој ќе ве привлече со карактерот и интелектот. Можете лесно да се пронајдете со ваква личност во секојдневието, па брзо ќе се впуштите во врска, но со преголеми очекувања. Можни се мали разочарувања. До крајот на месецот ќе откриете дали сте еден за друг.

Рак

Ако сте во врска: Месецот ќе започне со несогласувања во семејството, посебно со партнерот. Ги запоставувате блиските заради други обврски, а саканата личност тоа нема да го толерира. Не се држите до договорот. Сепак, не се откажувате, па со заеднички сили ќе се обидете да се вратите во нормала и да ги решите проблемите. Ќе имате и подобрување на заедничкиот буџет и севкупно квалитетот на заедничкиот живот.

Ако сте слободни: На почетокот на месецот може да паднете во искушение да влезете во афера која ќе ви го наруши угледот. Внимавајте на односот и тајните врски со личност која не е слободна. Искористете го периодот да запознаете личност која ќе ве привлече со изгледот и харизмата. Оставете простор за оваа личност, нема да можете да одолеете и нема да се покаете.

Лав

Ако сте во врска: Првата декада од октомври ќе биде важна и поволна за сериозни разговори со саканата личност и за договори околу заедничките цели. Ќе успеете да ги надминете минатите несогласувања и ќе ја подобрите комуникацијата. Кон средината на месецот ќе внесете стабилност. Заедничкото време ќе почнете да го исполнувате со забава и нешто во што двајцата уживате. Кон крајот на месецот ќе си наметнувате доминација, внимавајте како ќе ви заврши октомври.

Ако сте слободни: На почетокот на месецот ќе запознаете личност со која добро ќе се разбирате уште од првиот момент. Имате многу заеднички теми и ќе ви се отвораат можности да бидете искрени и да откриете тајни за себе. Ќе бидете целосно прифатени, без предрасуди. Брзо ќе почне да се создава хемија помеѓу вас и емоциите ќе го направат своето. Ќе треба време да се приспособите еден на друг за сериозна врска.

Девица

Ако сте во врска: Октомври ќе ве дочека со несогласувања бидејќи нема да се придржувате до разни договори и ќе имате некоректно однесување кон партнерот. Недоволно пружате внимание и поддршка, поработете на тоа. За среќа, ќе успеете да разговарате за она за што не се согласувате и да го надминете незадоволството. До крајот на месецот ќе ги подобрите семејните односи, но не очекувајте премногу.

Ако сте слободни: Познанството со интелектуална и образована личност ќе ви годи. Комуникативноста ви е силна страна на двајцата, па од почетокот ќе има меѓусебна привлечност и теми за разговор. Добро се разбирате и ќе поминувате многу време заедно. Можно е да почнете и некој заеднички проект. Работите ќе се одвиваат брзо.

Вага

Ако сте во врска: Првата половина на октомври ќе ви донесе нови и големи предизвици во врската која ќе биде ставена на проба на издржливост. Најважно е да избегнувате натпреварување помеѓу себе, кавги и да изградите подобра комуникација. Односот ќе го подобрите со внесување повеќе забава во секојдневието, како и давање на поддршка на партнерот. Сепак, провокациите се провлекуваат до самиот крај на месецот.

Ако сте слободни: Страста ќе ви се зголеми во првата половина на октомври, ве очекува динамична и возбудлива авантура со личност која ќе умее да ве поведе во акција. Но, од друга страна ќе дојде до конфликт околу тоа кој ќе го има главниот збор. Втората половина на месецот ќе ја поминете во забава со новиот партнер, па ќе бидете сведок на љубоморни сцени што може да доведе до раскинување.

Скорпија

Ако сте во врска: На почетокот на октомври ќе бидете повеќе посветени на себеси и ќе ги запоставувате потребите на партнерот. За да избегнете заладување на односите и проблеми, бидете подготвени на разговор. Потребна е иницијатива за решавање на важните работи. Во втората половина ќе бидете подготвени да се доверите на партнерот за нешто што не го кажувате никому. Можно е преуредување на заедничкиот дом.

Ако сте слободни: Ќе бидете склони кон забавување со личности кои не се слободни, ќе сакате тајни авантури, но тоа задоволство ќе трае само кратко. Потребна ви е поголема радост и исполнување. Ќе го смените фокусот од краткотрајни авантури и ќе барате личност која ќе дојде до израз со нешто подлабоко. Ќе идеализирате. Лесно ќе започнете врска.

Стрелец

Ако сте во врска: Подобрување на комуникацијата со партнерот, повеќе конструктивни разговори, смеа, забава, разбирање и успешни договори се на љубовната агенда за октомври. Ќе се сложите за многу заеднички планови со партнерот. Во втората половина ќе се отворите кон партнерот и без сомневање ќе откриете што ви пречи и создава притисок во односот. Ќе добиете поддршка.

Ако сте слободни: Од почетокот на месецот ќе бидете расположени за авантури, но ќе избегнувате да влегувате во таква шема, бидејќи сметате дека нема да ви годи. До средината на месецот може да запознаете некој со кој меѓусебно ќе се привлечете веднаш. Ќе се гледате и ќе си се отворате еден на друг, а до крајот на месецот ќе сфатите дека сте создадени да бидете заедно.

Јарец

Ако сте во врска: Првата половина на месецот ќе доведе до будење на заспаните страсти и до подобрување на динамиката во односите со партнерот. Ќе се поттикнувате меѓусебно на заеднички активности во кои двајцата ќе уживате и тоа ќе придонесе за поголемо расположение во односот. Ќе пронаоѓате повеќе време за интимни моменти. Втората половина може да доведе до остварување на заеднички цели. Ги откривате вредностите и предностите кои не сте ги гледале порано.

Ако сте слободни: Физичкиот изглед ќе биде првото нешто што ќе ве привлече кај некоја личност, но подоцна ќе има и подлабока поврзаност која ќе ја почувствувате меѓусебно. Ќе си делувате магнетски привлечно и веднаш ќе почнете да се гледате и да разговарате како да се знаете цел живот. Несигурни сте на почетокот, но брзо ќе сфатите дека имате сродна душа покрај вас.

Водолија

Ако сте во врска: Ќе ви се отворат можности за заедничко патување на место каде ќе ви се разбудат страстите и ќе ја откриете возбудливата страна во себе. Заеднички ќе си откривате нови работи кај себе и кај партнерот и ќе уживате во искуството. Во втората половина ќе си пружате поддршка, посебно вие на партнерот, но ќе бидете склони и кон сомневање и криење на некои лични проблеми.

Ако сте слободни: Ќе запознаете личност која доаѓа од далеку и која ќе ве привлече со приказната која ја носи во себе и личните квалитети. Ќе дојде до обострани симпатии, блискост и интимност. Ќе поминете убави заеднички денови кои нема да сакате да ги заборавите кога повторно еден ќе замине. Ќе почнете со врска на далечина и ќе размислувате за заеднички живот.

Риби

Ако сте во врска: Месецот ќе започне со кавги затоа што многу време поминувате на друштвени активности, а партнерот е запоставен. За среќа, јасно ќе ги согледате барањата и потребите на саканата личност и ќе ги подобрите односите. Собирате средства за заеднички живот, а може да ви тргне во одлична насока и набрзо да си го исполните сонот.

Ако сте слободни: Ќе бидете отворени за авантури и ќе ви се укаже шанса да влезете во несериозни интимни односи, но брзо ќе се предомислите. Ќе запознаете некој кој ќе ве привлече со оптимизмот и ведриот дух. Лесно наоѓате заеднички теми, споделувате многу приватни искуства кои не сте ги доживеале со друг и брзо ќе почнете врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk