Несреќниот човек одеднаш се нашол на удар на опасен предатор.
Нуркачот е свртен кон камерата и не сфаќа дека зад него се појавила ајкула, која молскавично ги отворила вилиците и му ја зграбила главата. Снимката е застрашувачка, но има среќен крај.
Ајкулата го каснала нуркачот, а тој почнал да мафта со рацете и нозете. Неколку секунди подоцна го пуштила и исчезнала во длабочините, пренесува Daily Mail.
Несреќниот маж замавнал и се упатил кон површината, покажувајќи му на камерманот дека и тој треба да се засолни. И двајцата ги напуштиле опасните води, а видеото останува доказ за тоа колку среќа имале.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата