logo
logo
logo

Лидија има само една желба – да остане жива! Да ѝ помогнеме на оваа мајка да ја дочека иднината на нејзините мали деца и да се радува заедно со нив

Vecer | 25.03.2026

Лидија има само една желба – да остане жива! Да ѝ помогнеме на оваа мајка да ја дочека иднината на нејзините мали деца и да се радува заедно со нив

Нејзината единствена желба е да оздрави и да биде жива за своите деца, да ги изведе на вистинскиот пат и да ги гледа нивните успеси, а сумата што ѝ е потребна може да се собере и би ѝ значела повеќе од било што во овој момент!

Сите информации за тоа како можете да ѝ помогнете на оваа прекрасна жена ги имате на овој линк: pavelandreev.org

А ние ја пренесуваме понатаму нејзината порака, напишана од срце.

ГЛЕДАМ ВО МОИТЕ ДЕЦА И ПЛАЧАМ: Колку вреди последната прегратка на една мајка?

Секое утро кога ќе се разбудам, прво ги погледнувам нив. Ги гледам како спијат, мирни и невини, и во градите ме стега невидлива рака. Што ако ова е последен пат?

Пред две години, „тихиот убиец“ влезе во мојот дом. Рак на дојка. Поминав низ пеколот на 8 хемотерапии и 16 зрачења. Мислев дека победив... но по само три месеци, овој монструм се врати посилен.

Сега ми ги јаде црниот дроб и белите дробови.Во Македонија кренаа раце – велат дека нема соодветна терапија. Но, јас не смеам да кренам раце! Како да се откажам од мајчинството? Како да им кажам на моите две мали деца дека мајка им нема да биде тука за нивните родендени, матури, свадби... само затоа што парите се посилни од мојата љубов?

Најдовме спас..  Лекот Trodelvy е моето чудо – карциномот почна да се повлекува! Но, тоа чудо чини огромни средства. Секоја доза е мојата шанса да останам жива. Секоја доза е купено време со моите деца.Моето семејство е исцрпено. Ги потрошивме сите заштеди, ја продадовме душата за да стигнеме до овде. Сега останавме само со молитвите и со Вашата милост. Ве молам, не дозволувајте ракот да победи само затоа што мојот живот има цена која не можам да ја платам!

Ве молам, како мајка на мајка, како човек на човек... Подадете ми рака. Не дозволувајте столот на мајката во нашиот дом да остане празен. Секој ваш денар е мојот следен здив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk