logo
logo
logo

Крокодил изел едногодишно дете - го извлекол од чамецот, татко му се обидел да го спаси (ВИДЕО)

Vecer | 03.12.2022

Крокодил изел едногодишно дете - го извлекол од чамецот, татко му се обидел да го спаси (ВИДЕО)

Вчераутро ѕверот го грабнал малото момче од кану додека со татко му ловел риба во Сабах. Неговиот вознемирен татко (40) се обидел да го одбрани, но крокодилот лесно го совладал. Тој истрчал на брегот со повеќекратни рани од каснување, вклучително и ужасен удар во главата.

Селаните го извлекле членот на племето Палаух од реката, но крокодилот веќе го одвлекол неговиот син во длабочините. Подоцна се појавил на површината со осакатено тело на малото дете во вилиците пред да потоне назад во водата.

Сумсо Рашид, водачот на спасувачката екипа вели дека потрагата по телото се уште е во тек.

- Таткото се здоби со сериозни повреди на главата и телото. Неговиот син се уште е исчезнат, а потрагата е во тек. Мажот е префрлен на лекување во болницата Лахад Дату - рекол Рашид.

Кралската малезиска полиција и поморската полиција ѝ се придружиле на локалната противпожарна служба во потрагата по телото на момчето. Официјалните лица, исто така, ги предупредиле селаните кои живеат покрај реката да се држат подалеку од водата поради ризикот од нов напад на крокодилот.

- Многу жители се потпираат на реката за храна и егзистенција, па мораат да влезат во водата. Ги предупредивме на дополнителна опасност во овој момент и да бидат дополнително внимателни бидејќи крокодилот најверојатно се уште ќе биде во областа – додаде Рашид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk