logo
logo
logo

Кристина Еплгејт згрижена в болница

Vecer | 06.08.2025

Кристина Еплгејт згрижена в болница

Познатата глумица од ТВ-серијата „Оженет и со деца“, вчера проговори за тоа на емисијата „MeSsy“ ('Неуредно') што ја води заедно со Џејми-Лин Сиглер, и тоа од болницата во Лос Анџелес. Имено, додека била на патување во Европа, во посета на луѓе од семејството, Еплгејт почнала да се чувствува лошо. Така, на летот назад, таа одлучила да оди директно в болница.

- Многу ме болеше. Врескав и ми направија итна компјутерска томографија во 2 часот наутро. Скенирањето покажа дека имам инфекција на бубрегот - којашто се проширила и на левиот бубрег.... Поради оваа инфекција на бубрезите, веднаш морам да примам интравенски антибиотици. И еве сме!, изјави Еплгејт.

Глумицата, инаку, веќе неколку години се бори и со мултиплекс-склерозата. Според лекарите, нејзината најнова состојба веројатно е последица од инфекција на уринарниот тракт.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk