logo
logo
logo

Кошаркарот Ердоган НА 69 ГОДИНИ (ВИДЕО)

Vecer | 25.09.2023

Кошаркарот Ердоган НА 69 ГОДИНИ (ВИДЕО)

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се појави во многу поинкаво светло како што не сме навикнати да го гледаме, особено имајќи ја предвид неговата возраст.

На социјалните мрежи протече видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (69) како игра кошарка со пратеници во спортска сала.

Имено, турската телевизија ТРТ објави видео на Јутјуб за кое тврди дека го снимил Мустафа Варанк, пратеник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган.

Се наведува дека натпреварот се одиграл во сала која се наоѓа во рамките на претседателскиот комплекс во Анкара.

https://youtu.be/nnunMeJndzE

Ова не е прв пат Ердоган да излегува на кошаркарски терен со своите соработници, а во октомври 2021 година ТРТ објави и клип од турскиот претседател како игра кошарка надвор.

Тој на почетокот на годинава преку социјалните мрежи ги повика сонародниците да спортуваат за да го подобрат животот и здравјето и рече дека се труди три пати на ден да има спортски активности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk