logo
logo
logo

Колку е ШТЕТНО „ЈАС НЕ ПИЈАМ МНОГУ, САМО ПО ЕДНА“

Vecer | 26.04.2025

Колку е ШТЕТНО „ЈАС НЕ ПИЈАМ МНОГУ, САМО ПО ЕДНА“

Медицинска студија спроведена во Велика Британија покажала дека луѓето кои консумирале алкохолни пијалоци според препораките во упатствата на Националната здравствена служба (NHS) имале полошо здравје од оние кои не пиеле.

Во споредба со луѓето кои никогаш не консумирале алкохол, стапката на кардиоваскуларни заболувања се зголемила од 1 на 5 проценти, а на малигните заболувања од 1 на 4 проценти, објавува „Скај њуз“.

Истражувањето, исто така, открило дека лицата кои пијат „со низок ризик“ пријавиле полош квалитет на спиење, полошо дневно функционирање и полошо здравје на забите во споредба со оние кои никогаш не консумирале алкохол.

Со оглед на тоа што над 30 милиони луѓе во Велика Британија пијат помалку алкохол, активистите апелираа до оваа целна група да ги преиспитаат своите навики за пиење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk