logo
logo
logo

Колку често треба да се перат фармерките? Одговорот ќе ве шокира

Vecer | 03.05.2025

Колку често треба да се перат фармерките? Одговорот ќе ве шокира

Вечната дилема што го следи омиленото парче облека - колку често треба да се перат фармерките? Признајте, безброј пати сте си го поставиле тоа прашање. Хигиената е на прво место, нема сомнеж, а некогашниот директор на гигантот Levi's им дал совет на љубителите на фармерки од кои им се кренала косата.

Тексасот е издржлив материјал, што е една од причините зошто е толку популарен со децении. Првите фармерки всушност биле работни панталони, наменети за американските копачи на злато и рудари на кои им била потребна поцврста облека. Тие се појавија на продажба во 1873 година, кога трговецот Леви Штраус од Сан Франциско и кројачот Џејкоб Дејвис од Невада го патентираа првиот модел за „широките маси“.

Ерата на „сините фармерки“ официјално започна во 1960-тите, и ќе продолжи уште долго.Во меѓувреме во асортиманот влегоа и тексас јакни, шорцеви и целата придружна програма. Материјалот е издржлив, но лесно се валка, особено ако сакате посветли, односно испрани верзии.

И колку често треба да се перат фармерките? Прашање за кое жестоко се дебатира со децении... Се подразбира дека најважна ставка е личната хигиена. Како и секое друго парче облека, во фармерките се акумулираат бактерии, мртви клетки на кожата, пот и непријатни мириси. Значи, тие треба да се перат по неколку носења, а најмалку еднаш неделно ако ги носите секој ден.

Патрик Ричардсон, експерт за перење, тврди дека би било идеално да ги перете по девет или десет носења, по можност на раце и во млака вода.

Од друга страна, има и такви кои гордо истакнуваат дека ги перат еднаш месечно или - никогаш. Ако ги превртевте очите - а ние сосема го разбираме - веројатно, нема да ви биде добро кога ќе слушнете што рекол Чарлс Берг, тогашниот извршен директор на гигантот Леви Штраус, во 2014 година. Во неговиот случај, еднаш годишно е сосема доволно.

Изјавата предизвикала вистинска војна на интернет, но Берг не се откажал од својата изјава. Тој, исто така, додал дека вистинските љубители на фармерки никогаш нема да ги стават фармерките во машина за перење. Тој има посебен метод: кога е време за перење, ги става во туш кабина, ги покрива со сапун исто како што се тушира ​​и на крајот ги исплакнува темелно.

– Да бидам искрен, тоа се фармерките кои најчесто ги носам на работа, а не панталоните во кои играм фудбал со ќерка ми – рекол Берг во својот блог „The Dirty Jeans Manifesto“.

Одамна е познато дека честото перење на фармерките им ја менува бојата и дека тексас влакното се истрошува и ја менува формата со текот на времето, па горенаведеното има смисла. Исто така, пред перење, секогаш треба да ги завртите  и да прицврстите сè, од патентите и копчињата до џебовите, за да не се истегнуваат.

Ако веќе користите машина за перење, перете ги фармерките на пониски температури во програмата за нежни ткаенини. И избегнувајте ја машината за сушење, бидејќи може да се смалат или да ја изгубат еластичноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk