logo
logo
logo

КОКОСОВО МЛЕКО: Што се може да приготвите од и со него!

Vecer | 20.07.2021

КОКОСОВО МЛЕКО: Што се може да приготвите од и со него!

Кокосовото млеко е состојка што многумина ја користат за да додадат малку егзотична и малку слатка нота во разно-разните коктели. Особено добро се вклопува во коктелите со рум кои содржат и лимета или сок од лимон.

Еве неколку идеи за употреба на кокосовото млеко:

Супи

Можете да вклучите кокосово млеко како една од течните состојки кога правите супа. Можете исто така да додадете кокосово млеко или кокосов крем на самиот крај од подготовката, за да ја завршите супата и да добие кремаста структура. Во супите од брокула, морков или тиквички, кокосовото млеко оди најдобро.

Смути

Едноставно изматете го кокосовото млеко во мешалка со свежо овошје. Особено добро оди со тропско овошје како манго и ананас, но исто така и со бобинки или праски во сезоната. Доколку е потребно, додадете мед или некој друг засладувач, цеден сок од липа или лимон и малку мраз.

Шлаг од кокос

Ова е одличен прелив за палачинки и колачи. Сè што ви треба е да ставите конзерва кокосово млеко наопаку во фрижидер преку ноќ, а потоа внимателно извадете го густиот крем што е зацврстен одозгора. Додадете малку шеќер и енергично матете со жица за матење додека не се формираат цврсти врвови.

Сладолед

Можете да направите инстант сладолед со ставање на две зрели, замрзнати банани, 200 грама замрзнати бобинки и 120 милилитри кокосово млеко во блендер. За една минута ќе добиете сладолед со мека текстура во кој ќе уживате по вечерата.

Коктели

Кокосовото млеко е состојка што многумина ја користат за да додадат малку егзотични и малку слатки ноти во коктелите. Особено добро делува во рум коктели кои содржат лимета или сок од лимон.

Лате од кокос

Дали знаевте дека вкусовите на кафе и кокос одат одлично заедно? Можете да направите неверојатно кафе од кокос-лате мешајќи 480 мл (2 чаши) свежо сварено топло кафе со 80 мл (1/3 чаша) кокосово млеко или крем од кокос. Добро е да користите блендер ако имате (внимавајте на топлото кафе) бидејќи тоа ќе ви даде убав слој пена на врвот од кафето.

Производи за убавина и нега

Кокосово млеко може да се користи и во домашната козметика. Направете маска што ја храни сувата коса и го стимулира нејзиниот раст: измешајте 2 лажици кокосово млеко и 1 лажичка мед. Нанесете на сува, неизмиена коса, оставете да делува еден час, а потоа исплакнете, шампонирајте ја косата и исплакнете повторно. Повторете го овој третман еднаш месечно. Можете да додадете кокосово млеко и во бањата, тоа ќе делува како одличен навлажнувачки крем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk