logo
logo
logo

Кој е ПРИНЦОТ ФИЛИП, човекот кого го сакаше кралицата Елизабета: Заради љубов се откажа од ПРАВОСЛАВИЕТО

Vecer | 09.04.2021

Кој е ПРИНЦОТ ФИЛИП, човекот кого го сакаше кралицата Елизабета: Заради љубов се откажа од ПРАВОСЛАВИЕТО

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета со која во ноември минатата година прослави 74 гоидни брак, во животот преживеал тешки кризи. Почина денес во 99 година од живот, објави Бакингамската палата.

Princ Filip kao dečak 1927.

Семејството на Филип побегнало од Грција кога тој бил бебе и затоа не го зборува грчкиот јазик. Иако, како што рекол и самиот, разбира по нешто. Детството му било тажно, бидејќи бил осамен. Бракот на неговите родители се распаднал, а тој бил испраќан од роднини до роднини, од училиште до училиште.

Princ Filip 1947.

Бракот на неговите родители бил во криза уште кога се родил. За време на воениот удар тато му отишол во егзил во Монте Карло каде што живеел со љубовницата, додека Алис со пет деца била во егзил во Париз. Тогаш Филип имал една и пол година.

Во почетокот живееле во предградието во куќичка која била сопственост на тетка му Марија Бонапарта, која била мажена за принцот Џорџ од Грција. Семејството немало пари, ги издржувале богатите тетки, а четирите сестри на Фили морале да побарата богати сопрузи.

Кога имал 8 години мајка му се разболела од шизофренија, а татко му одбил да ги прифати децата.

Се образувал во Франција, Германија и Велика Британија, а на 18 години, во 1939, се приклучил на британската морнарција, каде служел за време на Втората светска војна.

Kraljevsko venčanje - princ Filip i kraljica Elizabeta

Елизабета ја запознал додека таа со својот татко, кралот Џорџ VI, го посетила Кралскиот поморски колеџ во Дартмут. Се вљубила во него и почнале да разменуваат посма. Елизабета тогаш имала само 13 години. Седум години подоцна Филип од кралот ја побарал неговата рака. Добил дозвола, но официјалната веридба била одложувана додека Елизабета не наполнила 21 година. До март 1947 Филип се отажал од грчките и данските титули, го усвоил презимето Маунтбатен и станал британски државјанин.

Princ Filip i kraljica Elizabeta 1954.

Венчавката ја гледале 200 милиони луѓе ширум светот. Бројни официјални лица биле присутни, но не и германските роднини на Филип, вклучително и неговите сестри кои се омажиле на германски принцови.

Mlada kraljevska porodica

Кога Елизабета станала кралица, Филип ја напуштил активната воена служба, каде дошол до чин командант и станал британски принц во 1957.

Кога Грците повторно се завртеле кон монархијата, мајка му ја посетила Бекингамската палата каде ги поминала последните две години од својот живот.

Princ Filip i kraljica Elizabeta 1987.

Филип и Елизабета добиле четири деца - Чарлс, Ана, Ендру и Едвард. Во април 2017 тој се повлекол од службените должности, кога имал 96 години.

Во 2019 имал сообраќајна несреќа, кога загубил контрола на возилото и удрил во друг автомобил, но поминал неповреден. После ова ја продал дозволата, а два дена подоцна бил забележан како повторно вози.

Kraljica Elizabeta i princ Filip proslavili su 73 godišnjicu braka 2020.

За време на пандемијата со кралицата се изолирал во Виндзор, а двојката во јануари и се вакцинирала против ковид. Во февруари Филип беше хоспитализира затоа што му се слошило, а после неколку дена е потврдено дека „реагира на третманот“ против „инфекцијата“. Задржан е на опсервациа зарди претходниот срцев удар.

Бил познат како спортски ентузијас. Играл поло до 1971, а сакал и едрење.

Britanska kraljevska porodica u Bakingemskoj palati 2015.

Зад себе има и низа одликувања За 90. роденден кралицата Елизабета му дала титула лорд-адмирал, а во 2017 за 70. годишнина од бракот му доделила и Голем витешки крст на Кралскиот викторијански ред. Од 1972 е носител и на најголемото одликување на СФРЈ, Оред на југословенска голема ѕвезда.

Му се припишувале и бројни афери со жени од светот на аристократијата, театарот и филмот, но никогаш не се појавиле докази.

Princ Filip

За него важело она дека бил човек од должност, но слаб кога е во прашање вниманието. Додека Елизабета го нарекувала своја „карпа“, тој бил познат по следново: „Мојата прва работа, втора и последна е кралицата никогаш да не ја изневерам.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk