Кога имала 21 година, како студентка и амбициозна дизајнерка, Фиби веќе имала постигнато многу во светот на модата, каде што се истакнувала со својот талент, па досега добивала покани за посакуваните ревии на Модната недела во Њујорк и Париз, елитни забави и настани полни со ѕвезди, со некои станала добра пријателка, исто како ѕвездата на социјалните мрежи и за сето тоа зборува во интервју за британски Вог.
И додека некои се убедени дека таа постигнала сè благодарение на нејзиното богато потекло, Бил и Мелинда постојано инсистираат дека се трудат нивните деца да постигнат сопствен успех. Бил, чие богатство се проценува на 107 милијарди долари, во неколку наврати изрази страв дека неговите деца ќе бидат расипани од богатството, а еднаш вети дека ќе го искористи своето огромно богатство за да им помогне на сиромашните повеќе отколку на своите.
Поранешните сопружници Гејтс, кои се разведоа во мај 2021 година по 27 години брак, ги одгледаа своите деца обидувајќи се да им пружат што е можно понормално детство. Ги терале сами да си ги вршат домашните работи и не смееле да имаат свои мобилни до својата 14-та година.
И покрај тоа, средината во која пораснале била далеку од скромна. Семејството живеело во замок вреден 131 милион долари во Вашингтон, кој имал седум спални соби, 24 бањи и шест кујни, како и сопствена плажа, домашно кино, теретана и соба со бранувања, а сега се чини дека Фиби сè уште живее прилично раскошен живот, многу погламурозен од просечниот студент. Таа често оди на луксузни патувања низ светот, со што се пофали на својот Инстаграм профил каде ја следат повеќе од 314 илјади луѓе.
Покрај Фиби, Бил и Мелинда ја имаат и ќерката Џенифер и синот Рори.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата