logo
logo
logo

ИСПОВЕД на познатата дизајнерка

ЌЕ ТИ ОБЕЗБЕДАМ СЕ ШТО САКАШ, а ќе ми бидеш на располагање 24 часа дневно: Била во харемот на најконтроверзниот шеик и чекала во ред за се*с

Vecer | 31.07.2022

ЌЕ ТИ ОБЕЗБЕДАМ СЕ ШТО САКАШ, а ќе ми бидеш на располагање 24 часа дневно: Била во харемот на најконтроверзниот шеик и чекала во ред за се*с

Познатата американска дизајнерка Џил Дод имала само 20 години кога станала дел од харемот на мистериозниот шеик и бизнисмен познат по својот екстравагантен начин на живот. Американската модна дизајнерка Џил Дод (58) првпат стана позната на пошироката јавност откако во осумдесеттите се откажа од се и се пресели во харемот на контроверзниот арапски шеик Аднан Кашоги .

Таа денес е успешна деловна жена и основач на познатиот бренд Roxy, а за врската со милионерот и трговец со оружје пишувала во својата книга „Валута на љубовта – Храбро патување во потрага по љубов“ од 2017 година.

Џил Дод, која е мајка на три деца, сега откри повеќе детали за животот во харемот во подкастот „60 минути“.

Како што рекла, го запознала во раните осумдесетти на една забава во Кан додека се занимавала со манекенство.

Тогаш имала 20 години и како што признала била многу наивна. Уште првата средба ја обележал еден чуден и бизарен детаљ. Шеикот ѝ се претставил така што се пресекол и со сопствената крв на нејзината рака напишал „Те сакам“.

-Го кренав ракавот и тој напиша „Те сакам“. Бев шокирана. Мислев: „О Боже, тоа е крв“, но во исто време мислев дека е слатко и смешно“, изјавила Џил.

Во времето кога се запознале, шеикот веќе бил оженет и имал пет деца, но тој имал право на 12 жени „за задоволство“ покрај легалната сопруга.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jill Dodd (@jill_dodd)

Многу брзо Џил Дод станала дел од неговиот харем. Живеела во неговиот луксузен кварт во Саудиска Арабија и го чекала својот ред за да има секс со милијардерот.

- Никогаш не се сметав за ку*ва и сè уште не го мислам тоа, вели Џил Дод, свесна дека уживала во неверојатен луксуз благодарение на сексуалната врска со контроверзен трговец со оружје.

 

 

Пред да ја започнат својата романса, тие потпишале договор.

"Сакам да се грижам за тебе и сакам да потпишам петгодишен договор со тебе. Ќе ти обезбедам се што сакаш, а ќе ми бидеш на услуга 24 часа", ги опишала неговите зборови.

Се согласила на неговите услови, а години подоцна заедно оделе на гламурозни забави со политичари и членови на кралски семејства, на кои често имало и дрога.

- Рекреативно користевме кокаин. Ќе се затворевме во соба со денови, ќе водевме љубов, ќе јадевме, а нашиот личен готвач ни носеше храна, вели Џил и додава дека „верува оти била заљубена во него“.

Поради љубовта што ја чувствувала кон него, таа вели дека не жали за годините што ги поминала како дел од неговиот харем.

- Беше прекрасно, едноставно се стопивме заедно. Беше голем љубовник, се беше убаво, вели таа.

Сепак, седум години после тоа, Џил донела одлука да го напушти харемот и целосно да го смени животот.

Се омажила, родила три деца и го основала популарниот бренд „Рокси“ од кој денес заработува, а често ја препознаваат по тој прекар.

Нејзиниот контроверзен љубовник почина неколку дена по објавувањето на нејзината книга, на 81-годишна возраст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk