logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 28 МАРТ: Кој ќе има проблем со ПАРИТЕ

Vecer | 28.03.2025

ХОРОСКОП ЗА 28 МАРТ: Кој ќе има проблем со ПАРИТЕ

ОВЕН

Можеби ќе има нервози во почетната фаза, но успешно ќе се справувате со ситуациите. Можност за непланиран прилив. Не сте сигурни дали да се отворите со вашата сакана за одредени прашања. Засега некои работи ќе ги задржите за себе.

БИК

Променливи расположенија, така што на моменти ќе бидете активни, а понекогаш повлечени. Иако ќе ги имате вашите „мрзеливи моменти“, сепак ќе можете да го остварите планираното, само ќе ви треба повеќе време. Ново познанство ве „активира“.

БЛИЗНАЦИ

Имате потреба да промените некои воспоставени работи, но и креативни решенија за ситуациите кои ве чекаат. Брзо размислувате. Не сте емоционално исполнети и може да побарате утеха од член на семејството или пријател.

РАК

Напнатост ќе има само во утринските часови, но после тоа ќе влезете во стабилен ден. Без разлика дали се работи за деловен или емотивен сегмент, ги имате вистинските зборови за луѓето со кои доаѓате во контакт, искрени сте и привлекувате внимание.

ЛАВ

Финансиските приоритети ви се на ум денес. Има можности за пари, или барем за договор за работа која брзо ќе се исплати. Бидете поодговорни кон саканата личност, немате доволно разбирање во моментов.

ДЕВИЦА

 Ја имате потребната поддршка за да ги започнете деловните ситуации кои ве интересираат. Нема причина да бидете нетрпеливи, се се одвива според вашите планови. Во емотивниот дел, бидете свесни дека не можете да постигнете се што сакате.

ВАГА

Малку сте збунети од моменталната состојба и ситуациите на работа, но не се откажувате лесно од она што сте го зацртале да го постигнете. Можете да стекнете значајни сознанија со внимателно гледање и слушање што се случува околу вас. Го запоставувате партнерот заради пријателите.

СКОРПИЈА

Решени сте да го постигнете она што го сакате, но во исто време подготвени да се прилагодите на вашите соработници и околности. Во емотивниот дел - копнеж. Можно е да копнеете по личност со која моментално не можете да остварите контакт.

СТРЕЛЕЦ

Ви треба многу повеќе време дури и за некои од најобичните обврски. Ова е ментален, а не физички замор. Нема да бидете расположени за некои поголеми активности со саканата личност. Најмногу ќе се опуштите во друштво на пријатели.

ЈАРЕЦ

 Во утринските часови ќе бидете прилично исцрпени, бидејќи има повеќе обврски од вообичаено. Вториот дел од денот е многу подобар за емотивни настани и одмор, а мислите за работа треба да ги оставите на страна. Можеби би било најдобро да се фокусирате само на себе и на релаксација.

ВОДОЛИЈА

Денот е добар за заработка, но и за контакти и комуникација со партнери со кои долго време работите. Одлично се согласувате и нема многу проблеми да се договорите. Не сте расположени да планирате излети, повеќе би сакале да останете дома.

РИБИ

Можеби ќе треба да работите стари задолженија наутро, но потоа завршувате со стресни моменти во денот. Попладнето и вечерта се релаксирачки. Емотивен партнер и навистина можете да поминете време во уживање, но и во забава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk