Со исклучок на домофонот на ѕидот, престојот во овој кавернозен хотелски апартман во шведскиот град Сала е малку како престој во дувло на Балрог, само без Балрог.
Малата соба, која се наоѓа на 155 метри под земја, на рударите им требало десет долги и тешки години за ископување, со оглед на методот што го користеле во тоа време. Но, нивната жртва се исплатела затоа што сега луѓето кои имаат пари можат да дојдат и да поминат ноќ или ноќи таму!
Иронијата настрана, рудникот Сала со векови бил најголемиот и најважен во шведското кралство, а експлоатацијата на среброто на тоа место започнала некаде околу 16 век и траела околу 400 години.
Рударството престана во 1908 година, кога било увидено дека рудата е исцрпена (иако сега се чини дека е откриена нова жила); рударите се повлекле, оставајќи зад себе само саќе од празни тунели, со вкупна должина од над 20 километри, и ископани комори, кои достигнуваат длабочина до 300 метри.
Денес, рудникот е туристичка атракција, организира тури, концерти и, како што рековме, ноќевања: барем во тој еден луксузен хотелски апартман, всушност прилагоден на дното на окното.
Во собата има голем и удобен брачен кревет, се служи шампањ, а насекаде има сребрени садови. Температурата во околните комори и тунели е околу 2 Целзиусови степени, но во таа просторија, која е избрана поради таа причина, има џеб топол воздух, па температурата е околу 18 степени.
Нема ни фиксен телефон таму долу, а секако нема опсег на мобилни телефони; има само домофон за комуникација со персоналот на површината, кој им стои на располагање на туристите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата