logo
logo
logo

Nissan доаѓа со бомбастични дизајни и технологии: СОСЕМА НОВИ МОДЕЛИ и напад на врвот во класите

Vecer | 11.04.2025

Nissan доаѓа со бомбастични дизајни и технологии: СОСЕМА НОВИ МОДЕЛИ и напад на врвот во класите

Кинезите и Јапонците ги потиснаа брендовите од Европа како Фолксваген, Опел, Рено, Пежо или Ауди и БМВ и сега тие диктираат квалитет и трендови, а европските фабрики од автоиндустријата секој месец дена најавуваат отпуштања, проблеми во испораките и сервисирањето, пад на квалитетот и неизвесна сервисна иднина за сегашните сопственици.

Јапонските брендови како Тојота, Нисан и Хонда го задржуваат својот квалитет и престиж и на европскиот, и на американскиот пазар.

Nissan во Јапонија и во светот на автомобилите е познат по својот спортски дизајн и дух, нешто што беше до скоро доблест на Алфа Ромео, или Сеат во Европа пред да почне нивниот пад, бренд и Ауди со својот спортски дух, бренд привлечен за сите генерации според спортскиот дух и долготрајност на своите модели, а секако, и по своите теренски возила кои со децении изградија имиџ на врвна класа заедно со Тојота, Мицубиши и Лaндровер.

Сега Nissan најавува редизајн на сите модели, и нов проект на врвен кросовер теренец кој треба да го користи името Xterra.

Nissan ќе произведува електричен SUV фокусиран на авантура во Кантон, Мисури во САД, почнувајќи од 2027 или почетокот на 2028 година.

Nissan прикажа храбра низа на нови и освежени модели, заедно со технологиите од следната генерација кои ќе дебитираат во текот на 25таa и 26та година. Полни со иновативни карактеристики, новите производи ќе играат клучна улога во подигнувањето на перформансите на компанијата и привлекување нови купувачи.

Новите модели се со хибридни технологии како e-POWER и plug-in хибриди, електрични возила од следната генерација (EVs) и напредни мотори со внатрешно согорување.

Nissan Infiniti
Nissan Infiniti

Во оваа 2025-та и следната 2026-та година во Европа ќе се појават 6 нови модели на брендот, пред се ќе видиме сосема нови, досега многу популарни, Nissan Micra и Nissan Juke а во 2026-та се очекува и сосема нов Qashqai кои се произведуваат во Велика Британија

Новиот Nissan Micra, кој треба да биде лансиран во 2025 година, ќе биде целосно електрично возило дизајнирано за урбани средини. Ќе има компактен дизајн и ќе биде изграден на AmpR Small платформата, споделена со Renault 5, нудејќи батерија од 40 kWh што обезбедува приближно 190 милји опсег. Micra има за цел да ги комбинира агилноста и шармот на неговите претходници со врвните електрични перформанси.

Палетата на претстојни производи на Nissan, вклучувајќи го следниот Rogue (Qashqai) и третата генерација на Leaf кој долго беше еден од најпродавани електрично модели во Европа во својата класа.

2026-2027 First Look Nissan Qashqai - Next Generation!

Популарниот Qashqai на Nissan сега е во третата генерација која се продава во Европа и спаѓа во десетте најбарани модели во својата класа а во Британија е и на прво место по продажба. Во 2024-та доби фејслифтинг со видно подобрување на ентериерот и измени на надворешниот дизајн. ја редизајнираше и квалитативно ја подобри е предна маска, врзувајќи го лицето со Ariya EV. Има поголема решетка, нова комбинација на предни светла и DRL и различен браник. Промените продолжија со нов сет на задни светла и ажуриран браник, а фејслифтот вклучи и неколку други измени.

Во 2026-та се очекува промоција а веќе кон крајот на годината, односно во 2027-ма и продажба на новиот Qashqai

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk