logo
logo
logo

Келнерки во елитен ресторан им удираат силни шлаканици на гостите (ВИДЕО)

Vecer | 05.12.2023

Келнерки во елитен ресторан им удираат силни шлаканици на гостите (ВИДЕО)

Ако им се верува на видеата кои кружат на социјалните мрежи, келнерките ја наплаќаат бизарната услуга од 300 јени (1,90 евра), а дел од ударите се толку силни што клиентите завршуваат на подот!

„Шачихоко-ја“ е отворен во 2012 година, но му се заканувал банкрот, бидејќи бизнисот не се развивал добро. Сепак, работите се подобрија по воведувањето на необичната практика, а гостите сега се собираат да најдат место во локалот.

Колку се развил бизнисот покажува фактот дека менаџерите морале да ангажираат дополнителен женски персонал за да ги удираат клиентите, пренесува Дејли Мејл.

Доколку некој гостин сака одредена келнерка да му ги „зацрвени образите“, ќе треба да плати дополнителни 500 јени (3,14 евра).

И мажите и жените уживаат во шамарите, а барот се наоѓа во најпопуларната населба во Нагоја, позната по ноќниот живот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk