Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит беа домаќини на кралската двојка во палатата Версај.

Кралицата Камила пристигна во темносин фустан на Диор. Носеше и накит од кралицата Елизабета Втора.

Макрон организираше гала вечера на која покани бројни ѕвезди. Познати личности како Мик Џегер, актерот Хју Грант и актерката Ема Меки се дружеа со Чарлс и Камила. Беа поканети повеќе од 150 гости, а на менито имаше син јастог и француски и англиски сирења.

„И покрај Брегзит и бидејќи нашите врски се толку стари, знам дека ќе продолжиме заедно да пишуваме дел од историјата на нашиот континент“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во здравицата.
Кралот, кој течно зборува француски како и неговата мајка, покојната кралица Елизабета, ја гледа посетата како можност за обновување на односите меѓу двете земји оштетени од хаотичниот Брегзит.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата