На интернет се појави нов метод, благодарение на кој тиктокерите лепат вештачки трепки на едноставен, но и многу необичен начин. Благодарение на оваа техника, не ви е потребна пинцета.
Една од убавиците од ТикТок решила да го тестира овој метод на лепење вештачки трепки. Била многу изненадена кога овој бизарен метод успеал. За многу жени, нанесувањето вештачки трепки е најтешкиот дел од шминкањето.
Мирта Милер од Хрватска, која ја следат речиси 17 милиони корисници на Интернет, објави видео на кое се обидува да залепи вештачки трепки без да користи пинцета. Како се прави тоа? Првиот чекор е да нанесете лепак на лентата со вештачки трепки - како и секогаш.
Она што најмногу изненадува во овој трик е тоа што трепките треба да се постават не на горниот, туку на долниот очен капак. Тогаш сè што треба да направите е да „замижите малку посилно“ и трепките ќе бидат совршено залепени.
Многу луѓе и се заблагодарија на жената што го сподели трикот. Тие јасно ставија до знаење дека тоа им го олесни процесот на шминкање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата