logo
logo
logo

На стјуардеса ѝ дале отказ поради тверкање во авион: „Не знаев дека е непримерно“

Vecer | 07.03.2025

На стјуардеса ѝ дале отказ поради тверкање во авион: „Не знаев дека е непримерно“

Нел Диала работела како стјуардеса за Alaska Airlines, но нешто повеќе од шест месеци откако ја започнала работата од соништата, добила отказ.

Таа тврди дека компанијата ја отпуштила поради видео што го споделила на TikTok. На тоа видео, Нел тверкаше во авион.

Диала оттогаш започна GoFundMe кампања за покривање на животните трошоци поради ненадејното губење на приходот.

Сега, откако се спушти прашината, таа зборува за Inside Edition за нејзините размислувања за ова прашање.

Не мислев дека среќната ќе се претвори во вакво нешто. Само рекоа дека ја прекршив нивната политика на социјалните мрежи. Навистина бев горда на себе што стигнав до тука. Не мислев дека моето видео и објава и начинот на кој танцував ќе се сметаат за несоодветни", рекла таа.

Имав толку горд изглед на лицето секој пат кога се качував во тој авион и ме отпуштија без да ми дадат шанса. Тоа е едноставно неправедно“, додаде таа.

Видеото стана вирално, а Диала доби отказ.

За потсетување, на видеото, кое поранешната стјуардеса оттогаш го избриша, се гледа како Диала стои во ходникот на авионот, ја крева ногата на седиштето и тверка.

Видеото стана вирално преку ноќ, но наместо љубов и поддршка, предизвика неочекувана осуда. Иако тоа беше лоша одлука од моја страна, не мислев дека ќе ме чини работата од соништата", објаснила Диала.

И покрај нејзините објаснувања дека снимката немала намера да ѝ наштети на компанијата, тие наводно „не сакале да слушаат“.

Според нејзините тврдења, станува збор за „безопасна снимка“ што ја споделила на нејзиниот „личен профил на социјалните мрежи“.

„Ме отпуштија без предупредување. Не ми дадоа можност за сослушување или одбрана – ниту шанса за темелна и правична истрага“, изјави претходно Диала.

Таа тврди дека дури и не го спомнала името на авиокомпанијата во видеото и дека секогаш е „внимателна“ за тоа што споделува, опишувајќи го губењето на работата како „погубно“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk