logo
logo
logo

ОВА СЕ ПЕТ видови ХРАНА кои се клучни ЗА ИЗГЛЕДОТ НА ВАШАТА КОЖА

Vecer | 07.03.2025

ОВА СЕ ПЕТ видови ХРАНА кои се клучни ЗА ИЗГЛЕДОТ НА ВАШАТА КОЖА

Состојбата на нашата кожа често го одразува целокупното здравје на телото, а со возраста таа станува сè почувствителна на надворешни влијанија.

Конзумирањето храна богата со шеќер, рафинирани јаглехидрати и нездрави масти може да ги стимулира воспалителните процеси, да доведе до појава на акни и да го забрза создавањето на брчки. Според др. Ерик Берг, доколку сакате здрава и блескава кожа, треба да ги избегнувате следните намирници, пренесува klix.ba.

1. Храна со малку маснотии

Иако производите со малку маснотии често се претставени како поздрав избор, тие можат негативно да влијаат на кожата. Нашата кожа зависи од здравите масти, бидејќи тие се клучни за производство на витамини растворливи во масти – А, Д, Е и К, кои играат важна улога во одржувањето на здравјето на кожата.

2. Слатка храна

Храната богата со шеќер може сериозно да го оштети колагенот и еластичноста на кожата, придонесувајќи за појава на брчки и акни. Високиот внес на шеќер го зголемува нивото на инсулин, што го поттикнува производството на андрогени – хормони кои ги стимулираат лојните жлезди и можат да предизвикаат појава на акни. Дури и „здравите“ производи, како овошните сокови, можат да бидат полни со скриен шеќер.

3. Житарки

Иако често се сметаат за здрав избор, некои видови зрна може да предизвикаат воспалителни реакции во телото. Глутенот и лектините присутни во зрната може да придонесат за проблеми со кожата, вклучувајќи егзема и псоријаза. Покрај тоа, житарките се богати со омега-6 масни киселини, кои можат да ги зголемат воспалителните процеси.

4. Преработени протеини

Протеините од растително потекло, како што се изолатите од соја, често се наоѓаат во преработената храна и може да бидат лош избор за кожата. Високото ниво на преработка на овие протеини ја намалува нивната хранлива вредност, а прекумерното консумирање може негативно да влијае на здравјето и изгледот на кожата.

5. Храна со малку антиоксиданси

Антиоксидансите се клучни за заштита на кожата од штетните влијанија на околината, вклучително и УВ зрачењето и загадувањето. Исхраната базирана на преработена храна, бел леб и нездрави грицки може да доведе до недостаток на антиоксиданси, што може да ја ослаби природната одбрана на кожата и да го забрза нејзиното стареење.

Ако сакате здрава и блескава кожа, внимавајте на исхраната и изберете храна богата со хранливи материи, здрави масти и антиоксиданси!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk