logo
logo
logo

КАКО СЕ КРАДЕ НАД ЕДЕН ТОН СИРЕЊА? И тоа се случило во Холандија, им сметал успехот?

Vecer | 25.03.2025

КАКО СЕ КРАДЕ НАД ЕДЕН ТОН СИРЕЊА?  И тоа се случило во Холандија, им сметал успехот?

Крадци украле повеќе од еден тон сирење од приватна продавница во Кнегсел, село на југот на Холандија, објавија холандските медиуми.

Кражбата се случила ноќта меѓу петокот и саботата, а крадците насилно влегле во продавницата, објави NL Times.

Сопственикот на продавницата и производител на сирење Вилко де Кром рече дека верува оти грабежот бил темелно испланиран и дека веројатно е затоа што неодамна имал голем успех во својот бизнис и ја добил првата награда за квалитет на сирење на национално ниво.

Де Кром истакна дека снимките од надзорните камери покажале дека кражбата траела околу еден час.

Тој ги повика граѓаните да ги пријават сите украдени сирења од неговата продавница во продажба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk