Овој викенд ќе ги поместиме часовниците – во ноќта од сабота кон недела ќе се префрлиме на летно сметање на времето.
Зимското сметање на времето е „природно“, астрономско и ако целосно се префрлиме на летно сметање на времето - ниту еден сончев часовник во земјата никогаш повторно нема да го покаже точното време. Воведувањето на летното сметање на времето се заснова на астрономската околност дека сонцето изгрева предоцна во декември и прерано во лето, така што поради начинот на живот на луѓето во лето се „губат“ речиси два часа дневна светлина.
Во текот на 20 век, воведувањето на летното сметање на времето беше прифатено од индустриски развиените земји, а потоа, постепено, од сите други. Оваа мерка, уредба, се применува во Србија од 1983 година и првично се донесуваше со одлука на извршната власт секоја година во последната недела од септември, но поради практични причини со закон беше воспоставена во средината на 90-тите години и беше преместена во октомври.
Психолог од Хрватска за ХРТ зборуваше за ефектите од оваа промена врз промена на човековото тело и како да се прилагоди.
Поместувањето на часовниците за еден час нанапред може да изгледа како мала промена, но може да има значително влијание врз нашите тела и умови. Чувствителните луѓе се особено изложени на ризик – постарите, хронично болните и учениците.
Причината за проблемот е што со префрлување на летно сметање на времето, го нарушуваме нашиот вообичаен режим на спиење, а квалитетот на спиењето е основата за животната рамнотежа – вели Младенка Ткалчиќ од отсекот за психологија на Филозофскиот факултет во Ријека.
Во телото и во нашиот мозок постои внатрешен часовник кој регулира различни физиолошки и психофизиолошки процеси во организамот. Циклично варираат во период од прилика 24 часа различни хормони во крвта, крвен притисок, моторичкото и когнитивното функционирање. Нашиот внатрешен часовник има свој ритам, но не е целосно независен од факторите од околината, додава Ткалчиќ.
Таа препорачува попладневна дремка не поголема од 30 минути по преоѓањето на летното сметање на времето.
Потребно е околу една недела за просечниот човек целосно да се прилагоди на летното сметање на времето. Можеме да му помогнеме на нашето тело да го помине овој период што е можно побезболно.
Оваа недела секоја вечер треба да си легнуваме десет минути порано и исто толку порано да се будиме. По потреба можеме да дремеме и попладне, но не подолго од 30 минути – вели таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата