logo
logo
logo

Жена во воз пронашла торба со 15.000 евра- веднаш повикала полиција

Vecer | 26.03.2025

Жена во воз пронашла торба со 15.000 евра- веднаш повикала полиција

Необичниот случај е снимен на линијата Хановер-Минхен, а жената била во брзиот воз ICE (Intercity Express), пишува Der Standard.

Полицијата ја зеде торбата.

Откако 33-годишната сопатничка ја видела торбата на седиштето, ја отворила и внатре пронашла куп банкноти од 200 евра.

Кога возот пристигнал на главната железничка станица во Минхен, федералните полицајци ѝ пришле и ја зеле торбата. Парите биле привремено задржани во станицата, а моментално се трага по сопственикот.

Не е познато колку долго чантата била во возот, ниту дали некој претходно седел на предметното седиште.

Таа има право на награда.

Властите ја пофалија чесноста на неименуваната жена и ги потсетија сите граѓани дека доколку најдат изгубени предмети, да се обратат до соодветната служба.

Секој кој има информации за сопственикот на чантата може да се јави во полиција, а пронаоѓачот законски има право на награда - сепак, сумата не е позната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk