logo
logo
logo

Како најбрзо да проверите дали јајцата се свежи: Стар, ама корисен трик! ОСОБЕНО ПРЕД ВЕЛИГДЕН

Vecer | 14.04.2025

Како најбрзо да проверите дали јајцата се свежи: Стар, ама корисен трик! ОСОБЕНО ПРЕД ВЕЛИГДЕН

Овој кујнски трик ќе ни се најде особено сега, пред Велигден, кога бојадисуваме јајца. Во сад ставете вода, околу половина да е полн, и внимателно спуштете го јајцето во него. Врз основа на начинот на кој јајцето се однесува во вода, можете лесно да откриете колку е старо и дали е безбедно за употреба. Ако јајцето потоне на дното и остане да лежи во хоризонтална положба, тоа е знак дека е многу свежо. Ваквите јајца се идеални за подготовка на сите јадења. Ако јајцето потоне, но едниот крај малку се подигне, веројатно е старо околу една недела. Се уште е добро за консумација, но најдобро е да се користи што поскоро.

Ако јајцето стои исправено на дното или се ниша, тоа е јајце старо околу три недели. Сè уште може да се користи, но важно е добро да се загрее. Меѓутоа, ако јајцето исплива на површината на водата, тоа е јасен знак дека е расипано и не треба да се користи. Во тој случај, најдобро е веднаш да го фрлите.

Овој брз и едноставен метод може да ви заштеди пари, но и да го спаси вашето здравје. Наместо да се потпирате на датумот испечатен на пакувањето или да погодувате врз основа на мирисот и бојата, само погледнете како јајцето се однесува во вода. За само неколку секунди, ќе знаете дали е подготвено за употреба или за фрлање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk