logo
logo
logo

ЕВЕ ОД КАДЕ ДОАЃА МОДЕРНОТО РАЗМИСЛУВАЊЕ – Да не беше овој човек и неговата Критика на чистиот ум

Vecer | 22.04.2025

ЕВЕ ОД КАДЕ ДОАЃА МОДЕРНОТО РАЗМИСЛУВАЊЕ – Да не беше овој човек и неговата Критика на чистиот ум

Имануел Кант, еден од највлијателните филозофи на западната мисла, е роден на 22 април 1724 година, во Кенигсберг, денешен Калининград, Русија. Тој потекнувал од скромно семејство со религиозна традиција, каде што се нагласувале скромноста и дисциплината.

Во текот на целиот свој живот, тој останал приврзан кон својот роден град, никогаш не патувал надвор од неговите граници. Студирал филозофија, математика и природни науки на Универзитетот во Кенигсберг, а во 1755 година докторирал по филозофија. Истата година, тој ја започнал својата академска кариера предавајќи широк спектар на предмети, вклучувајќи логика, метафизика, етика, математика, антропологија и физика.

Неговиот академски пат е обележан со систематска работа и посветеност на образованието. Откако започнал како приватен доцент, од 1770 до 1796 година работел како редовен професор по логика и метафизика. Кантовата филозофија постепено се развивала низ три клучни периоди: преткритичкиот, метафизичкиот и критичкиот период, во кои биле напишани неговите најважни дела.

Филозофската револуција и „Коперниканскиот пресврт“

Во 1781 година, Кант ја објавил „Критика на чистиот ум“, неговото прво големо дело што ја редефинирало филозофијата на знаењето. Со преиспитување на границите на човечкото знаење, Кант ја воведе клучната идеја за трансцендентален идеализам. Неговото тврдење дека нашето знаење е ограничено на сетилно искуство, додека „нештата сами по себе“ (нумени) остануваат надвор од дофатот на човечкиот ум, претставуваше радикален пресврт во филозофијата - таканаречениот „Коперникански пресврт“. Според Кант, човечкото сознание не е пасивен одраз на реалноста, туку активно го обликува искуството преку категории и априорни форми како што се просторот и времето.

Етика и категоричен императив

Во „Критика начистиот ум “ (1788), Кант се посветил на прашања од моралот. Неговата етичка теорија се заснова на концептот на категоричен императив, универзален морален закон кој диктира дека дејствуваме само според максима што би можеле да ја посакуваме како општ закон. Кантовата етика ја нагласува автономијата на волјата и должноста како основа на моралното дејствување, што подоцна предизвика критики за својот морален „ригоризам“.

Кант верувал дека слободата на волјата, бесмртноста на душата и постоењето на Бог не можат да се докажат преку теоретскиот ум, туку се прашања што припаѓаат на сферата на практичниот ум и моралното убедување. Со тоа, тој ги постави темелите за современите дебати за етиката и човековата автономија.

Во своето последно големо дело, Кант се обидел да го поврзе светот на природното право и човековата слобода преку анализа на естетиката и целесообразноста. Неговите идеи за убавината како „она што угодува без интерес“ имаа големо влијание врз естетската мисла, особено врз Ф. Шилер и подоцнежните филозофи на уметноста. Иако не бил особено заинтересиран за уметноста, Кант ги доведувал во прашање фундаменталните начела на традиционалната метафизика токму во оваа област.

Влијание и наследство

Кантовата филозофија веќе имала огромно влијание за време на неговиот живот, особено меѓу германските идеалисти како Фихте, Шелинг и Хегел. Неговите идеи обликувале многу аспекти на современата филозофија, од континенталната до англосаксонската традиција. Во Хрватска, Кант бил предмет на различни толкувања – од критики од нео-схоластиците до пофалби од марксистичките филозофи кои го сметале за „теоретичар на Француската револуција“.

Без оглед на различните толкувања, мислењето на Кант останува релевантно и денес, а неговите дела продолжуваат да бидат неопходни во речиси сите филозофски дискусии, од прашања за знаењето и моралот до естетиката и политиката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk