Јутјуб одлучи да престане да го монетизира каналот на Расел Бренд поради неговото прекршување на „политиката за одговорност“.
Откако Расел Бренд беше обвинет за силување и сексуален напад, се повеќе жени се појавија со обвинувања за тоа како се однесувал кон нив.
Со денови низ медиумите кружат грозоморни сведоштва за нападите на Расел, а најгрозоморните признанија се од две жени, од кои првата тврди дека Бренд ја силувал „туркајќи ја до ѕид“, а втората дека актерот ја нападнал кога имал 31 година, а таа само 16.
Како што пренесува Би-би-си, сега онлајн платформата Јутјуб одлучила да преземе одредени мерки за заштита на своите корисници.
„Ако однесувањето на создавачот надвор од платформата им наштетува на нашите корисници, вработени или екосистемот, ние преземаме акција“, соопштил портпаролот на Јутјуб.
Инаку, Расел има над 6 милиони следбеници на својот канал на Јутјуб, а најмногу зборува за духовност и политика.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата