logo
logo
logo

ЈУГО ЛИМУЗИНА ОПАСНА МАШИНА! Американец од обично југо, направил ЧУДО (Фото)

Vecer | 27.09.2023

ЈУГО ЛИМУЗИНА ОПАСНА МАШИНА! Американец од обично југо, направил ЧУДО (Фото)

Во огласот се наведува дека внукот на продавачот е горд сопственик на единствениот југо седан што неговиот дедо го создал со спојување на два југо автомобили од 1988 година.

Популарното југо кон крајот на осумдесеттите го најде патот до пазарот во САД. Таму брзо се здоби со репутација на еден од најевтините и најнеквалитетните автомобили. Сепак, за некои тоа е едноставно автомобил со душа. Еден таков случај одекна од малиот град Пирс, Минесота, каде што еден локален жител објави необичен оглас на страницата на Facebook Marketplace.

Во огласот се вели дека внукот на продавачот е горд сопственик на единствениот југо седан кој неговиот дедо го изградил со спојување на два југо автомобили од 1988 година. Интересно е што дедото бил обучен работник за авто каросерија, па ги искористил своите вештини за да ја создаде оваа необична лимузина, која на шега ја нарекол „Вего“.

 

jugo, yugo, limuzina

 

„Дедо ми имаше своја работилница, па слободно можам да кажам дека знаеше што прави кога ги обработуваше. Сега има 82 години и не сака повеќе да прави ништо со него“, вели внукот.

Со текот на годините автомобилот поминал 69.000 километри и сега по години стоење во штала чека нов сопственик.

 

jugo, yugo, limuzina

 

За да станете сопственик на овој уникатен автомобил, потребно е да се издвојат 4.000 долари и да се организира превоз од Соединетите Американски Држави. Сепак, за малку пари ќе добиете автомобил со троен ред седишта и оригинален 1,1-литарски бензински мотор со 55 коњски сили. Според внукот, за да се запали моторот потребно е да се вложат само 40 долари во нов карбуратор и автомобилот да може да се користи.

Иако состојбата на автомобилот е далеку од идеална - внатрешноста е прилично запоставена и се гледа дека годините си го направиле своето - оваа „лимузина“ на југо носи исклучителна вредност како реткост и потенцијален колекционерски предмет.

На него се наоѓаат и зборовите „Roger's Toy Limo“ како и интересна огнена графика која ја покрива целата каросерија.

 

jugo, yugo, limuzina

 

Овој оглас од Минесота предизвика бројни коментари и стана вистинска интернет сензација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk