logo
logo
logo

Јапонија го евидентираше најтоплиот септември во историјата

Vecer | 03.10.2023

Јапонија го евидентираше најтоплиот септември во историјата

Јапонската метеоролошка агенција доцна синоќа соопшти дека просечната температура во септември била 2,66 степени над просечните температури.

Ова е највисоко од почетокот на водење статистика во 1898 година, наведува агенцијата. Топлото време се очекува да продолжи во текот на зимата до февруари.

Истражувањето на метеоролошката агенција на 914 локации низ земјата откри дека Јапонија забележала температури од 35 степени Целзиусови или повеќе на 385 локации.

Температурите го надминаа претходниот рекорд поставен во 2012 година, кога живата порасна за 1,51 степен над просечните рекорди. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk