logo
logo
logo

Интересна оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите открива која страна од вашиот мозок е подоминантна!

Vecer | 23.04.2023

Интересна оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите открива која страна од вашиот мозок е подоминантна!

Патка или верверица?

Што е првото нешто што го забележувате кога ќе ја погледнете оваа оптичка илузија? Одговорот може да ви помогне да откриете која страна од вашиот мозок е подоминантна и дали сте креативни или размислувате логично, пишува The Sun. Оптичката илузија ја сподели Bright Side на нивниот канал на YouTube.

„Можеби сте запознаени со еден вид оптичка илузија која крие неколку слики во една“, објаснува Bright Side во своето видео. „Но, дали знаевте дека првото нешто што ќе го видите на таква слика може да каже многу за вашата личност? Можеби ќе видите едно нешто на сликата, а некој друг ќе се обиде да ве убеди дека тоа е нешто друго. И токму затоа оптичките илузии можат да бидат како тест на личноста“.

Ако прво сте ја виделе верверицата, тоа значи дека левата страна на вашиот мозок е подоминантна. Левата страна на мозокот е одговорна за логично и аналитичко размислување, како и за математички вештини. Вешти сте во решавање на алгебарски прашања, пишување критички есеи и спроведување научни експерименти.

Ако прво сте ја виделе патката, доминантна е десната страна на вашиот мозок. Ова значи дека сте навистина добри во се што е поврзано со уметност и креативност. Сакате да размислувате надвор од рамката и да ги правите работите на свој начин. Сакате уметност, музика и често мечтаете за разни работи.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk