Салима Кан, родена околу 1931 година и омажена на 14 години, долго време сонувала да научи да користи бројки и букви. Кога била мала, во нејзиното село немало училиште.
Пред шест месеци, придружувана од сопругата на нејзиниот внук, таа тргнала на пат до училиштето во Буландшахр, Утар Прадеш и конечно го започнала своето образование заедно со осум децении помлади деца од неа. Приказната на Салима Кан привлече внимание откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое таа брои до 100.
„Моите внуци ме измамија да им дадам повеќе пари затоа што не можев да бројам сметки“, изјави таа за Тајмс оф Индија. „Тие денови се зад нас“, додаде таа.
Стапката на писменост во Индија е околу 73 отсто, според пописот од 2011 година. Директорката на училиштето, Пратибха Шарма, рече дека наставниците првично се двоумеле околу предавањето на Салима Кан, но таа брзо ги убедила со својата страст за учење.
„Немавме срце да ја одбиеме“, изјавила Шарма за Тајмс оф Индија. По случајот со 92-годишната Индијка, 25 жени од нејзиното село решиле да научат да читаат и пишуваат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата