Младата Швеѓанка Мелинда Линдмарк (28) почнала да се занимава со фитнес и бодибилдинг во тинејџерските денови, поради што сега е светски позната и ја следат над милион луѓе на социјалните мрежи.
Освен што редовно објавува видеа од своите тренинзи и програми за исхрана на својот Инстаграм-профил, таа често промовира здрав начин на живот давајќи им совети на своите следбеници. Сепак, поради нејзиното екстремно мускулесто тело, таа често наидува на критики и непријатни коментари од мажите, додека жените често ја поддржуваат и се восхитуваат на нејзиниот животен стил и упорност.
„Те молам не позирај во долна облека, ужасно е“, „Девојко, зошто сакаш да изгледаш како маж?“, „Убава си, но страшна - воопшто не си нежна“, „Изгледаш како помлада сестра на Хулк“, „Се обложувам дека можеш да ме претепаш“, се само дел од коментарите на кои Мелинда често одговара на хумористичен начин.
- Не ме интересира што велат мажите кои можат само да сонуваат за моите мускули. Комплексите не се лекуваат под моите фотографии. Работам на моето тело и живот за себе, а не за очекувањата на другите луѓе, вели Мелинда.
Што мислите за мускулестото тело на Мелинда? Дали ви е женствена?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата