logo
logo
logo

И понудиле 100 евра пред дечкото да ја извади шминката: Кога исчезнале веѓите, ИСЧЕЗНАЛ И ДЕЧКОТО!

Vecer | 28.09.2023

И понудиле 100 евра пред дечкото да ја извади шминката: Кога исчезнале веѓите, ИСЧЕЗНАЛ И ДЕЧКОТО!

Познатата инфлуенсерка од Шпанија, Лупита Анаја, на социјалните мрежи ја следат милиони поради забавните содржини кои ги објавува. Во „морето“ од нејзините видеа се истакна едно кое за кратко време стана вирално.

Имено, Лупита шетала по улиците и им приоѓала на девојки кои сакале да ја тргнат шминката пред камера. Таа пред еден трговски центар запознала пар, кој е во врска неколку недели и ја прашала девојката дали ќе ја симне шминката пред своето момче за 2.000 пезоси, околу 100 евра.

 

 

 

Девојката се согласила на овој предизвик, иако момчето никогаш претходно не ја видело без шминка. Лупита и пружила на девојката влажни марамчиња и таа го започнала процесот.

Девојката прво ја извадила пудрата, потоа сенката за очи и маскарата, а потоа и веѓите кои буквално исчезнале.

Кога ја видело без шминка, момчето се свртело и си заминало.

„Сите сме убави, со или без шминка“, напишала Лупита под видеото, додека со неа се согласиле многу корисници.

"Вистина. Девојката е навистина убава и без шминка. Секако, има и такви жени кои не се истата личност откако ќе извадат сè од лицето, но оваа девојка е речиси иста", "Лично, мислам дека нема потреба од толку шминка затоа што таа е природно убава. Ако тој дечко ја оставил навистина, можам само да кажам дека и направил услуга“, гласеле некои од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk