logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 12 АВГУСТ: Овие знаци ги очекуваат големи промени

Vecer | 12.08.2021

ХОРОСКОП ЗА 12 АВГУСТ: Овие знаци ги очекуваат големи промени

Родените во знакот на Рак денеска не треба д аочекуваат поволен ден на работен план, Близнаците ги очекуваат осцилации на љубовен план, додека пак Биковите ќе имаат проблем со несоница. Погледнете што се носи денешниот хороскоп.

ОВЕН

Пред вас се мали компликации кога е во прашање работното поле, но со мал труд ќе успеете се да решите. Осамени сте и не се чувствувате добро поради тоа. Ви доаѓа ден во кој ќе посакате нови познанства. Главоболка ве мачи.

БИК

Загрижени сте поради ситуацијата која сте ја имале на работа и понекогаш ви се чини дека нема да успеете да ги решите сите проблеми. Доколку ви се допаѓа личност која ќе ја сретнете на работа, ќе имате некои компликации во тој однос. Несоница.

БЛИЗНАЦИ

Немојте да очекувате дека денеска ќе остварите големи промени на полето работа. Судбината не е на ваша страна. Ве очекува период во кој односот со саканата личност ќе ви биде полн со осцилиации. Ќе ви годи масажа.

РАК

Ве очекува поволен ден кога е во прашање работата. Ќе имате можност да остварите важни поместувања. Многу сте посветени на саканата личност, и од неа очекувате исто. Пред вас е поволен период за љубов. Внимавајте на кичмата.

ЛАВ

Немојте да се занимавате со претерано важни работи денеска, затоа што може да бидете наклонети кон правење на грешки. Некое време ќе уживате во необврзувачки средби, но сега сте решиле љубовната авантура да ја приведете на крај. Контролирајте го холестеролот.

ДЕВИЦА

Очекувајте дека на работното поле ќе имате мали компликации во текот на денешниот ден. Ако имате проблем во комуникацијата со саканата личност, пробајте да најдете компромис. Водете сметка околу бубрезите.

ВАГА

Не е поволен ден кога е во прашање вашата работа. Можно е да имате некоја мала штета или загуба денеска. Ви делува дека со саканата личност нема да успеете да ги решите сите проблеми кои се насобрале. Уринатниот тракт ви е чувствителен.

СКОРПИЈА

Бројни работни обврски ви претставуваат голем товар. Имате потреба да ги менувате работите на ова поле. Настапува малку тежок период кога е во прашање вашиот однос со личноста која ви значи. Пад на имунутетот.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува фаза во која ќе имате мали несогласувања во работното опкружување. Вашата дилема делува како реална. Недовербата која се појавила меѓу вас и партнерот може да го земе данокот. Водете сметка околу кардиваскулаторниот систем.

ЈАРЕЦ

Ако се занимавате со приватна работа, полека може да се подготвувате за некои големи промени. Доста работи ве загрижуваат кога е во прашање односот со саканата личност. Имате впечаток дека партнерот нешто премолчува. Водете сметка околу исхраната.

ВОДОЛИЈА

Подгответе се за мали компликации на работното поле. Понекогаш ви се случува да губите фокус и концентрација. Вашиот однос со саканата личност би можел да стане проблематичен во следниот период. Избегнувајте цигари.

РИБИ

Ако претерате со своите очекувања, одредени разочарување на ова поле се неминовни. Размислувате за љубовни промени кои планирате да ги почнете во следниот период. Променете го режимот на исхрана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk