logo
logo
logo

Гутереш: Неприфатлива е неодговорноста за убиствата на персоналот на ОН и хуманитарците

Vecer | 12.09.2024

Гутереш: Неприфатлива е неодговорноста за убиствата на персоналот на ОН и хуманитарците

Опишувајќи ја израелската одмазда против Хамас во Газа, Гутереш во интервју за Ројтерс рече дека имало „многу драматични случаи на кршење на меѓународното хуманитарно право и целосно отсуство на ефикасна заштита на цивилите“.

-Тоа што се случува во Газа е целосно неприфатливо, рече тој.

Според податоците на ОН, за време на конфликтот се убиени речиси 300 хуманитарни работници, што е повеќе од две третини од персоналот на ОН.

Гутереш рече дека треба да има ефикасна истрага и одговорност за нивната смрт.

Пред годишниот состанок на светските лидери на Генералното собрание на ОН во текот на овој месец, Гутереш изминатата година ја оцени за „многу тешка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk