Наместо да го користат својот мозок и информациите што ги добиле на училиште, учениците се „вртат“ на Google во потрага по брз одговор.
Неименуван професор сакал да ја прекине оваа практика, а приказната за тоа како фатил 14 студенти во измама стана вирална.
Имено, тој забележал дека младите често одат во тоалет за време на испитите, па му станало сомнително. Сакал да утврди дали се работи за злоупотреба, па смислил лукав план.
Еден месец пред следниот испит, тој побарал од својот асистент да објави прашање по математика на социјалните мрежи и да побара одговор. Потоа понудил објаснување, кое изгледало логично и точно.
Стапицата била поставена, а му останало само да го чека испитот и да види кој ќе се „фати“.
Наведеното прашање го вклучил во тестот, а одговорот можел да се најде само на интернет, пренесува LadBible.
Кога завршил испитот, професорот ги прегледал решенијата и сфатил дека 14 студенти тајно пребарувале на Интернет!
Сите добиле „нула“ на тестот, како казна, а неговиот план стана предмет на жестока дискусија на социјалните мрежи. Некои мислеа дека направил „паметен потег“, а други дека „претерал“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата