Таа при вадењето на стариот тапет наишла на скриена порака која ја оставиле претходните сопственици, а објавеното видео расплака многумина.
Веднаш на почетокот гледаме дека на ѕидот е испишана пораката „Френки, те сакам, Пат“.
Френки била поранешната сопственичка на куќа, која е во осмата деценија, додека нејзиниот сопруг за жал починал пред неколку години, пишува Мирор.
„Поминаа повеќе од 45 години во оваа куќа и тука ги одгледаа своите деца. Ќе ѝ испратам фотографија од прекрасен спомен и повторно ќе ја скриеме со нов тапет“, објасни авторката на видеото.
@farnovations #lovestory #love #couplegoals #renovation #house #wallpaper #houseoftiktok #renovationproject #foryou #fyp ♬ original sound - Farnovations
Затоа, не го отстранила, туку решила да го зачува изразот на љубовта, поради што заработила многу пораки на поддршка и благодарност.
Корисниците на TikTok споделија слични искуства кога наоѓале спомени од поранешните сопственици, при што едно лице напишало:
„Пред неколку години се преселив во една куќа и ги најдов имињата и датумите на луѓето што живееја таму. Ги додадовме нашите имиња, а потоа сè покривавме со тапет“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата