logo
logo
logo

Германија усвои закон со кој се овозможува административна промена на пол и име еднаш годишно

Vecer | 01.11.2024

Германија усвои закон со кој се овозможува административна промена на пол и име еднаш годишно

 Законот овозможува лесна промена на полот во документите за трансродови, интерсексуални и небинарни лица.

Малолетните лица над 14 години ќе можат административно да го променат полот со согласност на родителите или старателите, додека за деца под 14 години изјавата треба да ја поднесат родителите. Во следните 12 месеци по одобрувањето на барањето, нема да биде дозволена нова промена или враќање на претходниот пол.

- Со Законот за самоопределување, едноставната промена на полот и името конечно е реалност, изјави министерката за семејство и млади Лиса Паус.

Германија се приклучи на групата земји што овозможуваат промена на пол и име без медицински уверенија или судски решенија. Слични регулативи постојат во 16 земји, вклучувајќи Аргентина, Нов Зеланд, Ирска и Швајцарија.

Стапувањето во сила на Законот за самоопределување го укинува контроверзниот Закон за транссексуалци од 1980 година, кој налагаше долга процедура и високи трошоци за промена на пол во документите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk